Денес во рубриката #НизТвојотОбјектив ви претставуваме фотографии на Лени вон Гелева.
„Фотографиите од оваа серија се улична фотографија кои ја истакнуваат темата на трансформацијата и зачувувањето на спомените, со вметната доза на хумор. Направени се во Скопје. Тие го покажуваат секојдневниот живот, динамиката на градскиот простор, интимни моменти од животот на градот, случајни луѓе“, вели таа за Радио МОФ.
Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.
Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.