ИЈЗ отвори телефонска линија за поддршка при одвикнување од пушење

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) отвори телефонска линија за советување, со цел да ги поддржи лицата во процесот на откажување од пушењето.

Како што информираат оттаму, процесот ќе го водат квалификувани стручни лица кои ќе нудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето.

Телефонската линија ќе биде достапна секој понеделник и среда од 11 до 13 часот. Заинтересираните да се откажат од пушење, може да се јават на телефонскиот број 078 285 873 и да добијат совети.