Граѓани и активисти вчера од 18 часот па до полноќ го блокираа Варадинскиот мост во Нови Сад во знак на „граѓанска непослушност“ поради смртта на 14 лица во уривањето на настрешницата на железничката станица пред една недела, јавува Радио Слободна Европа.
Тие ја повикаа Владата на одговорност и побараа оставка од градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ и од премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, процесирање на сите одговорни, како и отстранување на ознаката за тајност од договорот за реконструкција на Железничката станица.
На покана на организаторите, учесниците на протестот го обоија мостот со црвена боја и оставија траги од „крвави дланки“.
Blokada Varadinskog mosta i dalje traje. Mediji javljaju da je Goranu Ješiću i Miši Bačulovu preinačena odluka i da čekaju povratak u pritvor.
Posted by Mašina on Friday 8 November 2024
Blokada Varadinskog mosta počela je u 18 časova i trebalo bi da traje do ponoći. Pre početka blokade privedeno je troje…
Posted by N1 Srbija on Friday 8 November 2024
View this post on Instagram
Учесниците со црвена боја на мостот испишаа пораки како „Апсолутна моќ, апсолутна одговорност“ и „Години молк завршуваат со минута молчење“.
За време на протестот, на разглас се слушаа изјави на српските власти од отворањето на Железничката станица во Нови Сад по реконструкцијата, како и нивните изјави по несреќата.
Железничката станица во Нови Сад беше официјално отворена во јули 2024 година, по тригодишна реконструкција.
Активистот на организацијата „Солидарност“ Бојан Терзиќ кој претходно беше приведен поради учество на протестот на 5 ноември во Нови Сад, рече дека протестот повикува на „правна и политичка одговорност на сите одговорни“.
„На нашите раце е боја, на нивните раце е крв“, рече тој за време на блокадата.
Блокадата на мостот следува по протестот кој се одржа неколку дена претходно. По протестот беа приведени 14 луѓе поради нередите пред градското собрание на 5 ноември. Вишиот суд на шестмина активисти им одреди едномесечен притвор.
За во понеделник е закажан протест во организација на српската опозиција пред зградата на Владата во Белград.