Биткоин достигна нов рекорд од 77.276 долари

Цената на биткоинот вчеравечер достигна нов рекорд, па така во 20:59 часот цената на оваа криптовалута изнесуваше 77.276 долари, јавува Евроњуз Србија.

Најпознатата криптовалута претходно порасна за повеќе од 10 отсто веднаш откако Трамп обезбеди втор мандат во Белата куќа.

Зголемувањето е најголемо од претходниот скок во март, кога инвеститорите беа израдувани од приливите во фондови кои ја следат цената на биткоинот на американските берзи.