Најмалку 1.000 лекари недостасуваат во македонското здравство, посочува ресорниот министер Арбен Таравари во разговор за Гласот на Америка на македонски јазик. Министерот најавува вработување на 600 приватни специјализанти, како и изнаоѓање решение и за 1.200 здравствени работници ангажирани со договор на дело
„Минимум 1000 лекари ѝ се потребни на Македонија итно и неодложно, барем до крајот на наредната година“, вели министерот за здравство Таравари.
Тој нагласи дека за надминување на состојбата било донесенo и владино решение за вработување на 600 приватни специјализанти, односно 300 од нив дo крајот на оваа година, и уште 300 наредната година.
„Се надевам дека ќе изнајдеме решение идната година освен 300 специјализанти, да вработиме околу 300-400 доктори, со што ќе имаме некаква одржливост на болниците особено во внатрешноста на државата“, рече Таравари.
Таравари очекува до крајот на годината да се реши статусот и на уште 1.200 други здравствени работници, од кои некои и по 10 години работат со договор на дело. Со тоа вели дека ќе се направи голема работа за здравствениот систем.
На годишно ниво, според лекарската фела си заминуваат околу 250 лекари, но и друг медицински персонал.
Целиот текст на Гласот на Америка може да се прочита ТУКА.