Социјалната мрежа Блускај вели дека се забележани 700.000 нови корисници на платформата во неделата по изборите во САД, јавува Скајњуз.
Поранешниот извршен директор на Твитер (X) Џек Дорси кој ја замислуваше Блускај како дел од Твитер, вели дека новите регистрирани се главно од САД и Велика Британија.
Социјалната мрежа, според податоците има 14.5 милиони корисници, што е големо зголемување во споредба со септември кога оваа бројка беше 9 милиони корисници.
Како што пренесува Скајњуз, се верува дека егзодусот на корисници на Х е поттикнат од поддршката на сопственикот Илон Маск на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, кој победи на претседателските избори во САД на 5 ноември.