Трамп го назначи Илон Маск на позиција насочена кон создавање поефикасна влада

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп одлучи милијардерот Илон Маск и поранешниот ривал во трката за републиканскиот претседателски кандидат Вивек Рамасвами да го предводат Секретаријатот за ефикасност на владата, тело кое досега не постоеше, пренесува Н1.

Зборувајќи за Маск и Рамасвами, Трамп рече дека ќе работат надвор од владата за да ѝ пружат „совети и насоки“ на Белата куќа и дека ќе работат со Канцеларијата за управување и буџет на „структурни реформи од големи размери“ и ќе создадат „претприемачки пристап на владата каква што досега не е видена“. Тој додаде дека овој потег ќе предизвика шок низ владините системи.

Трамп во соопштение рече дека Маск и Рамасвами ќе го отворат патот за неговата администрација да ја „размонтира владината бирократија, да ги елиминира прекумерните регулативи, да ги намали непотребните трошоци и да ги преструктуира федералните агенции“.

Кратенката на новиот секретаријат, на англиски DOGE се совпаѓа со името на омилената криптовалута dogecoin на Маск.

Од вработените во федералната влада обично се бара да го пријават својот имот и со што се поврзани со цел да се спречат потенцијални конфликти на интереси и да се острани различниот имот ако е поврзан со нивната работа. Бидејќи Маск и Рамасвами нема да бидат формално вработени во владата, тие нема да мораат да ги исполнуваат тие барања или етичките ограничувања.