Изложбата „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро од понеделник во Битола

На 18 ноември (понеделник), во Офицерскиот дом во Битола со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Ќе ме (С)нема!“  – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска Бакревска.

Како што инфромираат организаторите, изложбата претставува серија уникатни лумен-принтови и алтернативна фотографска техника.

„Ова дело не е само израз на уметничката пракса, туку и форма на активизам-глас против незаинтересираноста на заедницата за заштита на природното богатство“, вели Кети додава дека ористи нежна, но истовремено силна визуелна поезија, со што ја пренесува меланхолијата на исчезнувањето на езерото.

„Во нејзиното дело се чувствува јасен и храбар став – критика кон општеството кое не реагира соодветно за да ја зачува природата. Преку „Ода за Преспа“, Кети ја потенцира потребата за итна акција и сочувство кон животната средина, посочувајќи дека секој од нас има одговорност во битката за иднината на нашите еко-системи“, велат оттаму.