СЗО: Повеќе од 800 милиони луѓе во светот живеат со дијабетес

По повод вчерашниот, Светски ден на дијабетисот (14 ноември), генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејсус напиша на социјалната мрежа X дека повеќе од 800 милиони луѓе во светот живеат со дијабетес, пренесува Ал Џазира Балканс.

„Повеќе од 800 милиони луѓе во светот живеат со дијабетес. Сепак, не секој има пристап до пристапен третман и нега што им е потребна“, изјави Гебрејесус.

Тој ги повика сите земји да инвестираат во политики кои поддржуваат здрава исхрана, физичка активност и здравствени системи кои обезбедуваат превенција, рана дијагноза и третман на сите на кои тоа им е потребно.