Техничкиот директор на Радио-телевизија Војводина е разрешен поради 12-минутен прекин на програмата

Радио-телевизија Војводина соопшти дека од објективна одговорност го отпуштила од работа досегашниот директор на одделот „Техника и технологија“, пренесува „Н1“.

Како што се наведува во соопштението, имало прекин во емитувањето на програмата вчера (петок, 15 ноември) во периодот од 12:51 до 13:03 на првата и втората програма на РТВ.

„Надлежните во РТВ дополнително во детали ќе ги истражуваат причините кои довеле до прекин на програмата, така што одговорност ќе сносат сите кои со своето постапување или непостапување довеле до овој немил инцидент“, изјавија од РТВ.

Како што јавува репортерката на „Н1“ од Нови Сад, неофицијално се работи за техничка грешка и прекинот на програмата нема врска со вчерашната акција „Застани, Нови Сад“, во која од 11:52 до 12:06 часот, опозицијата и граѓаните одбележаа 14 дена од смртта на 14-те луѓе кои загинаа во несреќата на железничката станица во Нови Сад.

Исто така, не станува збор за отказ, бидејќи директорот на техника е пензионер кому договорот му е продолжен неколку пати. Но, поради вчерашниот прекин на програмата, РТВ решила да не му го продолжи договорот.

Меѓутоа, на соопштението на РТВ прв реагираше Миран Погачар кој прекинот на програмата го поврза со вчерашната акција на новосаѓани.

„Хероите постојат„ 14 минути прекинат програм на РТВ, секоја чест на Јово Бачиќ, шефот на техниката, тоа храброст и подготвеност да се покаже солидарност, кога е најтешко и дури кога те чини работа. 200 вработени во РТВ денес во 11:52 застанаа зад „за#14 жртви“. Сѐ уште има слободни луѓе!“, напиша тој на социјалната мрежа Х.

[Видео] Нови Сад застана на 14 минути во знак на солидарност со семејствата на загинатите во несреќата на железничката станица