Второ издание на „Skopje Space Jam“ – концерти во планетариумот на МКЦ

Второто издание на „Skopje Space Jam“, серија концерти во планетариумот на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи вечерва (сабота, 16 ноември).

Настапуваат „Соба“ (Ема Ананиевска и Ива Дамјановски) од 20 часот, Јоана од 21 часот и Иш и Јас од 22 часот.

„Дојдете пред да заврши одбројувањето, ставете ги телефоните на spaceship mode, ние ќе донесеме кислород и џемчиња“, се вели во најавата.

Проектот „Соба“ на Ема и Ива (пијано и теремин) е продолжение на соло пијано материјалот кој го подготвува Ема и звучи како Макс Рихтер во вселената.

Јоана е дипломирана класична гитаристка на ФМУ, Скопје и многу повеќе од тоа. Активен член е на колективите „Партизанка штампа“ и „Ветерница“.

Иш и јас е проектот на Марко Печеновиќ со кој го издава ЕП-то „Промаја“. „Дојдете во мракот, во соба која нема кров, меѓу ѕвездите е Тетово и промајата ќе се обиде да ве убие“, се вели во најавата.

Билетите се достапни на билетарницата на МКЦ. Единечен билет чини 300 ден, блок билет за сите три концерти чини 800 ден.