Младинскиот образовен форум (МОФ) во соработка со Националното студентско тело на Северна Македонија и Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) по повод Меѓународниот ден на студентите (17 ноември), утре (понеделник, 18 ноември) организира „Регионална Станица студентска“.
„Регионална Станица студентска“ ќе почне во 10 часот и ќе се одржува на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Предвидени се три панел дискусии на темите „Ретроспектива на студентското организирање на УКИМ“, „Интеруниверзитетска соработка и студентско организирање“, „Регионална соработка“.
Говорници на првата панел дискусија ќе бидат досегашните претседатели на УСС УКИМ: Борјан Ефтимов,
Ева Цветковска, Славчо Темелковски, Александар Николовски.
Воведни обраќања ќе имаат министерката за образование Весна Јаневска, Албер Хани, генерален секретар на Регионална канцеларија за младинска канцеларија – РИКО, Ристо Савески, претседател на Младински образовен форум и Александар Николовски, претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ.
„Паралелно на панел дискусиите, организираме саем на студентски и младински организации, со цел промоција на нивните активности пред студентите. Целта на панелите е да се даде осврт и ретроспектива на петгодишнината на универзитетското студентско организирање какво што е денес“, велат од МОФ.
По дискусиите, во Културно-едукативниот центар „Лабораториум“ ќе има целовечерен културен настан за вмрежување и забава лансирана и платформата за Студентска работа – „Линкер“.
Во продолжение погледнете ја целата агенда: