Осум мртви по инцидент со нож пред училиште во Кина

Осум луѓе починаа и 17 други се повредени по инцидент со нож пред училиште во источна Кина, пишува „Би-Би-Си“.

Како што соопшти полицијата, уапсен е 21-годишен човек на стручниот и технички колеџ за уметност и занает „Вукси Јиксинг“ во градот Вукси.

Во соопштението на полицијата се додава дека тој матурирал во училиштето во 2024 година и го извршил нападот откако „не успеал да ја добие својата диплома поради слабите резултати од испити“, и дека не е задоволен од неговата плата на пракса.

Тој го признал делото „без двоумење“, изјави полицијата.

Тие додадоа дека истрагата е во тек и дека прават напори за „справување со последиците“.

Нападот следи по инцидентот во понеделникот каде барем 35 луѓе го загубија животот кога возач влетал со автомобил во толпа на стадионот во јужниот град Жухаи.

Полицијата соопшти дека возачот не бил задоволен од спогодбата за развод, но инцидентот отвори прашања за неодамнешниот бран на јавно насилство во државата.

На социјалните мрежи се водат дискусии за социјалниот феномен на „одмаздување на општеството“, каде индивидуалци на своите лични загуби и поплаки реагираат со напаѓање на странци.