Вишиот суд на Хонг Конг денеска осуди 45 продемократски активисти на затворски казни во траење до 10 години во историското судење за национална безбедност кое му наштети на некогашното жестоко демократско движење во градот и предизвика меѓународна осуда, јавува Ал Џазира Балканс.
Вкупно 47 продемократски активисти беа уапсени и обвинети во 2021 година за заговор за субверзија според законот за национална безбедност наметнат од Пекинг.
Поранешниот правник Бени Таи идентификуван како „организатор“ на активистите беше осуден на десет години затвор, што е најдолга казна досега според Законот за национална безбедност од 2020 година.
Некои западни влади го критикуваа судењето, а САД го опишаа како „политички мотивирано“, велејќи дека активистите треба да бидат ослободени бидејќи „мирно се вклучиле во политички активности“ кои биле легални.
Владите на Кина и Хонг Конг велат дека законите за национална безбедност биле неопходни за воспоставување ред по масовните продемократски протести во 2019 година, а кон демонстрантите се постапувало во согласност со локалните закони.