На 21 ноември со почеток во 19 часот, во Кинотека на Македонија, ќе биде отворена фотоизложбата „Што носеше кога сама си го бараше?“ на Види Вака во соработка со фотографката Ерина П. Богоева
Како што информираат организаторите, изложбата ги пренесува приказните на 15 жени кои гласно и храбро раскажале за сексуалното вознемирување и насилство со кое се соочиле во својот живот.
„Со неа се испраќа јасна порака: Никоја ‘сама не си го бара!’. Со обвинување на жртвата се ставаме на страната на насилникот. Вкупно 45% од жените во Македонија се изјаснуваат дека доживеале психичко, физичко или сексуално насилство од интимен партнер од нивна 15-годишна возраст. Десет проценти од жените кои некогаш имале партнер велат дека доживеале физичко насилство, додека 3% жени велат дека доживеале сексуално насилство. Дополнително 30% од жените доживеале сексуално вознемирување“, велат од Види Вака и додаваат дека изложбата е иницирана како одговор на големиот број на фемициди, психичко, физичко и сексуално насилство и вознемирување врз жените.
Изложбата ќе биде отворена до 25 ноември.
Повеќе детали ТУКА.