Сојузот на извидници на Македонија во соработка со компанијата „Триглав“ ја организира акцијата Боренка за пошумување на опожарената шумска површина кај Кокино. Акцијата во која ќе учествуваат 100 волонтери ќе се одржи в понеделник (25 ноември).
„Целта на Боренка е преку волонтерски ангажман, вклучување на локалната заедница, спонзори и општествено одговорни компании, зазеленување на опустошените шумски области во земјава. Нашата мисија? Пошумување на опожарена површина и враќање на бојата ќе засадиме стотици садници, како симбол на надеж, обнова и нашата заедничка борба против последиците од климатските промени. Оваа акција не е само еколошка обврска – таа е израз на заедништво, љубов кон природата и посветеност кон идните генерации“, велат од Сојузот на извидници.
Општествено одговорната „Триглав“ во текот на 2024 година овозможи 4 едукативни работилници за деца на тема заштита на животната средина од шумски пожари, каде тие со помош на изгорено дрво – јагленче нацртаа стебла и ги засадија во виртуелна шума, денес на Кокино посадија повеќе од 2000 садници.
Борeнка почна во 2022 како одговор на страшните пожари кои ја опустошија нашата земја две години претходно и уништија десетици илјади хектари шуми, оставајќи зад себе само црни површини. Сојузот на извидници на Македонија во соработка со Национални шуми досега имаат организирано 14 Боренка акции за пошумување, посадено повеќе од 55.000 садници, вклучено повеќе од 2000 волонтери, пошумено 14+ хектари опожарена површина, а преку 80+ едукативни работилници има вклучено повеќе од 10.000 деца од повеќе од 40 основни училишта низ земјава.