„Trendkill“ вечерва свират во „Станица 26“ заедно со „Последен удар“ и „Пепел“

По настапот на „Metal Discharge“ во Битола, составот „Trendkill“ ќе го промовираат својот албум „Половен Crossover“ и на домашен терен.

Од „Trendkill“ посочуваат дека настанот ќе се случува вечер, 23 ноември, во „Станица 26“, а албумот е веќе достапен за слушање на сите платформи.

„Oваа верна сабота, поддршка ќе дадат нашите долгогодишни другари во состав: ‘Последен Удар’ – OI! Од најтемните делови на Скопје, музика за кривични пријави, и еден од најактивните бендови моментов во Македонија, како на издавачкиот така и од аспект на свирачкиот дел!“, стои во најавата за настанот.

Исто така, на настанот ќе свират и „Пепел“, кои ги карактеризираат како „дрзок и бескомпромисен рокенрол, со нула зае*анции, за сите љубители на кожњаци, пиво од срча, и тендецоиозен мамурлук“.

Цената на карта е 400 денари на влезот на „Станица 26“, денот на настанот.