Во рамки на кампањата „Денови на донирање“ што ја спроведува здружението „Конект“, викендов во културно-едукативниот центар „Лабораториум“ се одржа најголемиот настан на иницијативата #СподелиАвторка на менторската мрежа Стела. Покрај донирање книги се учеше за женската историја преку играње „Бунтовнички игри“, беше поставена стрип-изложбата „Од уметност до родова еднаквост“, се случуваше размена на облека и „Гоу Грин“ учеа како да се садат растенија.
Во видеото подолу разговараме со Сара Миленковска, соосновачка на мрежата Стела за искуството со #СподелиАвторка и со Александра Спасеска од Fashion Revolution за важноста на размената на облека и штетата што ја предизвикува текстилната индустрија врз животната средина.
View this post on Instagram
Ангела Бошкоска