Македонскиот институт за медиуми (МИМ) објави видео во кое млади одговараат на прашањата што значи да се биде инфлуенсер и какви инфлуенсери би биле они, по што слушаат каква одговорност имаат инфлуенсерите.
„Денес дефинитивно е ИН да си инфлуенсер! Има инфлуенсери кои ги следат онолку луѓе колку што беше бројот на гледачи на најпопуларните ТВ емисии пред 15-тина години. Токму затоа, инфлуенсерите станаа значаен дел од новите медиуми односно социјалните мрежи. Инфлуенсерството носи популарност, заработувачка, но и одговорност. Кога те следат десетици илјади луѓе, важно е каква порака праќаш. И важно е сите да знаат да прават разлика помеѓу новинари и инфлуенсери“, велат од МИМ.
Погледнете повеќе во видеото: