Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола преку соработката со бизнис опкружувањето обезбедува можност за стипендии за студенти од семејства со ниски месечни приходи, а кои студираат на Електротехничкиот отсек при Техничкиот факултет-Битола.
Процесот се реализира преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење, а во рамки на програмата се предвидуваат 10 стипендии.
Право на аплицирање имаат студенти од електротехничките факултети кои во учебната 2024/2025, зимски семестар, се запишале по прв пат во I, II, III и IV година, студентите да се од семејство со ниски месечни приходи (во рамките на семејството, родители старатели и кандидатот за 2023 година по сите основи да не се надминува бруто износ од 800.448,00 денари годишно и студенти кои не се корисници на друга стипендија или кредит.
Потребни документи за аплицирање се Кратка биографија – CV, Потврда за редовeн студент запишан во зимски семестар за студиската 2024/2025, Потврда/уверение од факултет за 70% положени испити, освен за студентите кои се запишани во прва година, Уверение/потврда од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по сите основи за претходната година за двајцата родители/старатели на кандидатот поединечно и за самиот кандидат, изјава дека не сте корисник на стипендија или кредит од друга институција, организација или компанија, изјава за согласност за обработка и користење на сопствените лични податоци и податоците од неговото потесно семејство за цели на стипендијата.
Сите потребни документи испратeтe ги на esg@evn.mk со назнака во subject: за стипендија ЛОСТ најдоцна до 18.12.2024.
Повеќе информации се достапни на овој линк.