Асоцијацијата за заштита на животната средина „Зелена планета за сите“ организира работилница за одржлива мода „Паметно модерни: Одржливи нишки“ на 30 ноември, сабота, од 12 до 14 часот во кафе-книжарница „Буква“.
„Оваа работилница е совршена можност за млади и за сите кои сакаат да откријат повеќе за етичките, еколошките и социјалните аспекти на модната индустрија. Придружете ни се и научете практични совети како да бидете дел од промената и да ја поддржите одржливата мода. Вашата гардероба може да биде модерна и еколошка“, истакнуваат организаторите во најавата за настанот.
Предавач на работилницата ќе биде Александра Спасеска. Исто така, во рамки на работилницата ќе има и размена на облека.
„Зошто размена на облека? Наместо да купувате ново, создавате циркуларна економија, помагате да се намали модниот отпад и имате шанса да ја споделите вашата приказна преку облеката. Заедно можеме да направиме разлика – со стил и свесност“, појаснуваат од „Зелена планета за сите“.
Работилницата ќе биде ограничена на 15 учесници кои треба да резервираат место и да се пријават на следниот линк.