Кети Талевска Бакревска e фотографка од Битола која се занимава со дигитална фотографија и алтернативна фотографија. Токму љубовта кон професијата и ја донела идејата и желбата да направи нешто со кое ќе поттикне да се зголеми свеста за заштитата на Преспанското езеро кое полека но сигурно ни исчезнува.
Изложбата на Кети, „Ќе ме снема“ е изложба за исчезнувањето на Преспанското езеро која е изработена со алтернативна фотографска техника која се изработува на директна фотографска хартија со аплицирање на вода, алги и растенија од преспанскиот предел.
„Со изложбата сакав само да ставам акцент дека нешто треба да се преземи за заштита на езерото бидејќи некако како да се заборави оваа тема веќе. Се спомнуваше и се прават овде настани за езерото и за заштитата но сепак мислам дека се премалку во последен период“, вели Кети.
Симона Паскоска, Мартин Колоски и Петар Мукоски