Државната награда „Мето Јовановски“ за 2024 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредување на човековите права им се доделува на Здружението на граѓани „Центар за граѓански комуникации“ (ЦГК) – Скопје и Лила Милиќ, соопшти Министерството за култура и туризам.
Претседателка на Одборот за доделување на наградата „Мето Јовановски“ е Александра Цветановска.
Како што известуваат оттаму, наградата ќе им биде врачена на добитниците на 10 декември, вторник, во 10 часот во Собранието на Македонија.