Граѓаните на Србија денеска во 11 часот и 52 минути застанаа 15 минути за да им оддадат почит на загинатите при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември. Студентите кои блокираа неколку белградски факултети, барајќи одговорност за смртта на 15 лица и тешките повреди на двајца, организирано блокираа неколку патишта, известува Н1.
На иницијатива на „Проглас“, од 22 ноември во Србија секој петок во 11:52 часот се организираат акциите „Застани, Србија“ во кои се повикуваат граѓаните да застанат 15 минути и на тој начин да им оддадат почит на оние кои загинаа кога падна настрешницата.
Граѓаните со тоа, како што е соопштено, го изразуваат своето несогласување со неоснованото притворање на лица за изразување на нивното право да не се согласуваат со властите и јасно ја истакнуваат желбата Србија да функционира како правна држава.
View this post on Instagram
Блокади и на факултетите во Крагуевац
Студентите на неколку факултети на Универзитетот во Крагуевац, по едноминутно молчење за жртвите во Нови Сад, влегоа во холот и свечената сала на Ректоратот, каде планираат да останат и понатаму, односно додека не се исполнат барањата на сите студенти во Србија. На блокада на Ректоратот синоќа повикаа студентите на Филолошкиот и Уметничкиот Факултет (ФИЛУМ) и Психологија, а денеска студентите на Факултетот за инженерство, Природно-математичкиот, Економско-правниот, како и неколку средношколци, се приклучија на протестниот собир.
Како што изјави за Н1 Анѓела Маслак од ФИЛУМ, на денешната прва средба во Крагуевац, студентите се договориле дека во иднина нема да даваат поединечни изјави за медиумите, туку ќе испраќаат соопштенија за следните чекори. Како што истакна, таа засега ќе остане во Ректоратот во текот на денот и ноќта.
Меѓувремено, продолжува блокадата на Филозофскиот факултет во Ниш. Деканката Наталија Јовановиќ за Н1 рече дека конечно имаат генерација која решила да создава здраво друштво.
“Постапувам според мојата совест, како што треба да прави секој професор или декан. Најголемата сила ми дава преполниот амфитеатар, кој е најубавото лице на Србија. Меѓу нас има паметни млади луѓе, наши. Конечно, имаме генерација која реши да создава здраво општество“, рече таа за Н1.
View this post on Instagram
На собирот дојдоа и граѓани предводени од опозицијата, но им беше кажано да не се приближуваат бидејќи таму се само студенти и професори.
На акцијата „Застани, Србија“ се приклучија и учениците од гимназијата во Земун и ја блокираа раскрсница и плоштад.