Апел до македонските државјани да ја напуштат Сирија

Поради влошената безбедносна ситуација во Сирија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика.

„Апелираме да се одложат сите патувања кон оваа држава. Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Сирија“, се наведува во соопштението од Министерството.