Младинскиот образовен форум (МОФ) организира отворено предавање за студенти на тема „Политичката култура кај младите и дали сме осудени на неуспех?“ на 11 декември, среда, со почеток во 17 часот во читалната на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
„Каква е политичката култура кај младите? Дали (не)вклученоста во заедницата значи неизвесна иднина? Што всушност значи ‘политика’? Како се дефинира ‘моќ’? На овие прашања и уште многу други ќе дискутираме заедно со проф. д-р Ненад Марковиќ, истакнат политиколог и експерт во областа“, велат од МОФ.
Според нив, дискусијата ќе инспирира разбирање на „политика“ и „моќ“, влијание на младите врз status quo-то, како и креирање аргументи за позитивен општествен ангажман.
Сертификати за учество ќе бидат доделени на сите присутни.
„За да добиете сертификат, ве замолуваме да го пополните формуларот“, додаваат оттаму.
Оваа активност е организирана со поддршка од проектот „Практикувај демократија“, спроведуван од Фондацијата за демократија на Вестминстер и финансиран од Британската амбасада во Скопје.