Здружението „Пагода“ вчера во едукативниот културен центар „Лабораториум“ организираше целодневен настан „Shōnen: Becoming The Hero“ посветен и инспириран од шонен жанрот на аниме.
Примери на познати шонен аниме се „Naruto“, „Dragon Ball“, „One Piece“ и „My Hero Academia“.
Во рамки на настанот беа претставени четири боречки вештини: Тенрју Сора Доџо – Бушидо култура и изворни вештини; Аикидо од клубот „Пат кон Мирот“ – Аикидо, Винг Чун Кунг Фу од клубот „Вечна Пролет“ – Винг Чун Кунг Фу и Теквондо од клубот „Младост“.
Присутните потоа можеа да проследат две трибини во кои се говореше за влијанието на аниме ликовите врз младата популација и за тоа како анимето стана глобален културен феномен, а во текот на денот беше поставена изложба на уметнички дела изработени од љубители на аниме и тематски базар со храна, облека, манга, фигурини и ракотворби.
Отворено беше и „Gaming катчето“ каде учесниците можеа да тестираат и играат Play Station и Nintendo Switch игри со аниме/шонен тематика.
Погледнете повеќе во видеото.
View this post on Instagram
Ангела Бошкоска