Сè повеќе факултети во Србија блокирани: Студентите свиреа додека се обраќаше Вучиќ, најавија протест пред РТС

Вчеравечер илјадници студенти со свирчиња, транспаренти и мегафони се собраа на улицата „Андриќев Венец“ во Белград нешто пред 18 часот и се упатија кон зградата на Претседателството каде Александар Вучиќ имаше обраќање по повод нивните блокади.

„Претседателот ќе се обраќа по повод нашите блокади, дојдете пред претседателството да се слушне нашиот глас!“, најавија група студенти и организацијата за млади „Борба“ некаде околу 16 часот.

„УА“, „Не сме платеници“, „Крвави ви се рацете“, „Кукавици“ – извикуваа студентите надвикувајќи го Вучиќ, кој за тоа време изјави дека денеска ќе биде објавена целата документација за реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад и дека ќе ги исполни барањата на студентите кои според него со ова докажале дека блокадите се политички собири, пренесува Н1.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivan Bjelić (@ofanzivan)

Меѓутоа, студентите порачаа дека „не само што не се исполнети нивните барања, туку не се ни споменати при обраќањето“ и повикаа на протест вечерва пред Радио телевизија Србија (РТС) во 19 часот. Исто така, студентите изјавија дека тие не се обратиле до него за објавување на документи поврзани со реконструкцијата, туку до обвинителството.

Исто така, полициската бригада со штитови формираше премин пред Претседателството за да може Вучиќ да ја напушти зградата. Со врева и свирежи беа испратени и претседателката на Собранието Ана Брнабиќ и премиерот Милош Вучевиќ. Тие направија круг околу зградата за да ги спречат функционерите да го напуштат Претседателството. Полициската бригада со штитови ги растерала студентите, додека според пишувањата на Нова, употребила и пендраци и тупаници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Organizovana grupa STAV (@stav.ns)

Студентите потоа ја следеа полициската бригада која се повлекуваше пред нив до улицата „Кнез Милош“, каде што ја блокираа раскрсницата кај „Лондон“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gavrilo Andrić (@gavriloandric)

Пред нешто повеќе од две недели студентите почнаа да ги блокираат факултетите, а оттогаш секојдневно се приклучуваат нови факултети низ цела Србија. Моменталната бројка е повеќе од 40 и се зголемува.