Во Буџетот за идната година се обезбедени средствата за ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди за сите студенти, како и средства од 10 милиони евра кои ќе бидат наменети за млади до 29 години за отпочнување бизниси, односно финансиска поддршка до 30.000 евра за бизнис за млади, соопшти Владата.
Ова доаѓа по најавата на премиерот Христијан Мицкоски од октомври кога беа најавени овие мерки.
„Ваучерот за студентите од 250 евра за купување на електронски уред ќе им овозможи на студентите да имаат пристап до технологијата што им е потребна за да успеат во денешниот дигитален свет. Додека пак, финансиската поддршка до 30.000 евра за младите за отпочнување на бизнис, значи дека младите ќе можат своите бизнис идеи да ги преточат во бизнис планови“, велат од Владата.
Оттаму посочуваат дека преку различна поддршка, мерки и проекти работат за задржување на младите и студентите иднината да ја градат тука во сопствената држава.
Ваучери од 250 евра за електронски уреди за студентите од следната година, најави премиерот Мицкоски