„Astro Bot“ е игра на годината според  „The Game Awards“

Јапонското студио „Team Atsobi“ беше во фокусот на синоќешните награди „The Game Awards“, откако нивната „Astro Bot“, ексклузивката за „Play Station“ – освои четири награди, вклучувајќи и видео игра на годината.

Оваа 3Д платформска игра со истоимениот робот Astro Bot што се одвива низ шест галаксии и 60 планети, ги „собра“ наградите и во категориите за најдобра режија, најдобрата семејна игра и најдобрата акциона/авантуристичка игра.

По неа, следеа игрите „Metaphor: ReFantazio“ и „Balatro“ од развивачите на игри „Studio Zero“ и „LocalTtunk“, на кои им беа доделени награди во три категории поединечно.

„Metaphor: ReFantazio“ доби признанија за наративот, за уметничката режија и за најдобро RPG, додека „Balatro“ победи во категориите за независна игра, дебитантска инди игра и најдобра мобилна игра.

„Baldur’s Gate 3“ беше препознаена како игра со извонредна поддршка од заедницата, категорија што се темели и на транспаретност, одговорност, ажурирање, но и активност на социјалните мрежи.

Беа наградени и гласовните способности на Мелина Јуергенс во „Senua’s Saga: Hellblade 2“, додека кинеското студио „Game Science“ се врати дома со признанието за најдобра акциона игра за нивното интернационално деби „Black Myth Wukong“. Таа претходно ја освои наградата за „Ултимативна игра на годината“ на 42-то издание на „Golden Joystick Awards“.

Фото: „Game Science“

Овогодинешниот настан воведе и нова категорија – „Game Changers Award“. Признанието му беше доделено на директорот на „Tencent“, Амир Сатват за неговата работа помагајќи им на програмерите погодени од отпуштањата и затворањата на студија.

Ноќта во Лос Анџелес беше полна со најави и откривање нов трејлери. Ова вклучуваше прв поглед на „The Witcher 4“ на „CD Projekt Red“, со што во гејмерската заедница се потврди дека главна протагонистка овој пат ќе биде Сири.

Исто така, преку трејлер беше презентиран најновиот проект на „Naughty Dog“, нова СФ авантура наречена „Intergalactic: The Heretic Prophet“.

Футуризмот ќе преовладува и во новата ко-оп игра на Џозеф Ферс, каде двајца џејмери повторно ќе можат истовремено да управуваат два различни ликови. Синопсисот вели: во футуристички свет каде луѓето можат да одат на реалистични симулации на приказни за кои сонуваат, две писателки се наоѓаат заглавени во истата симулација. Едната повторно создава научно-фантастичен свет, додека другата е во фантастичен. Ќе пробааат заедно да избегаат од симулацијата.

Стигна и веста дека конечно се подготвува продолжение на „Okami“ од 2006 година.

Воедно, од нигде никаде беше најавена и „Dispatch“, една „помала“ игра која е мешавина од „This is the Police“ со суперхерои и визуелни новели.

Целата листа на победници на „The Game Awards“ може да се погледне ТУКА.

Бојан Шашевски