„Urban legendS festival“ со „Bad copy“, диџеј Гоце САФ и диџеј Страјк во „Лабораториум“

На првиот „Urban legendS festival“ кој ќе се одржи на 21 декември, сабота, со почеток во 20 часот во „Лабораториум“, ќе настапи хип хоп триото „Bad copy“, а диџеј сетови ќе пуштаат диџеј Гоце САФ и диџеј Страјк.

„Главни ѕвезди на вечерта се ‘Bad copy’ (Ајзек, Скај Виклер и Тимбе), легендарните мајстори на балканската хип хоп сцена. А, специјални гости на вечерта се основоположниците на македонската хип хоп сцена диџеј Гоце САФ и диџеј Страјк“, велат организаторите на настанот „44 Евент Мк“.

Билетите може да се набават на линкот, како и во „Лабораториум“, а можат да се направат и резервации на телефонските броеви 076/200-904 и на 078/628-437.