Универзитетот „Гоце Делчев“ испрати писмена реакција до Радио МОФ во врска со наводи изнесени пред два дена на трибината на студентската културна иницијатива „Отворен куфер“. Во текстот за трибината, објавен на нашата веб-страница, еден од членовите на „Слободен куфер“ изјавува дека во Македонија нема студентски културен центар.
Според УГД, ова не е точно, затоа што на универзитетот во Штип веќе пет години функционира студентскиот културен центар.
„Основната мисија на овој културен центар е поинтензивно развивање на културата преку реализација на различни активности и проекти кои ќе имаат за цел да им доближат различни културни и уметнички содржини на сите студенти на УГД како и на заинтересираната јавност. Универзитетскиот културен центар им дава креативен простор на сите млади и независни уметници кои храбро експериментираат со уметничките изрази, користејќи нови форми за уметничка комуникација. Со ова, културниот центар континуирано ја поттикнува комуникација помеѓу студентите од УГД со студенти од останатите универзитети, како и културни институции во рамки на државата и надвор од неа“.
Во изминативе години Универзитетскиот културен центар има организирано повеќе настани од областа на: музиката, сликарството, филмот, театарот, фотографијата итн.“, се вели во реакцијата на УГД.