По повод Меѓународниот ден на човековите права, Делегацијата на Европската Унија, мрежата на Јуроп хаус, Обединетите нации и Министерството за образование и наука во соработка со Македонското здружение на млади правници, како и Здружението за изработка на игри „Галактик Омнивор“ ја претставуваат играта „Навигатор“.
Како што информираат оттаму, „Навигатор“ е игра во која играчот може да избере шест од девет интерактивни планети – секоја со свои предизвици на теми за човековите права и да одговора на прашања.
„Секој точен одговор е чекор поблиску до подобро познавање на правата, но и до големата награда. Освојте повеќе од 60 поени, пријавете го вашиот резултат и влегувате во играта за главната награда. Главната награда е ваучер за техничка опрема од 60.000 денари а ќе има и дополнителни изненадувања од Делегацијата на ЕУ и амбасадите на земјите-членки на ЕУ“, велат од Јуроп хаус.
Играта, која е достапна на македонски и албански јазик, е активна до 24 декември 2024 година, а извлекувањето ќе се одржи на 25 декември во 12:00 часот.
Линк до играта ТУКА.