Угледниот музички магазин New Musical Express (NME) објави листа на најдобрите музички албуми кои излегоа во 2013. Ги претставуваме најдобрите десет изданија на годината, во избор на новинарите на NME.
10. David Bowie – ‘The Next Day’
Изненадувачкиот албум на „музичкиот камелеон“ не остави никого рамнодушен. Фановите на Bowie го фалеа албумот, додека имаше и такви на кои не им се допадна. Во секој случај, „The Next Day“ заслужува да се најде во најдобрите десет изданија на 2013.
9. Laura Marling – ‘Once I Was An Eagle’
Уште една фолк приказна за изгубената љубов, раскажана од младата британска кантавторка Laura Marling. Дури и да не сте љубител на овој вид музика, вреди да се слушне албумот, кој е длабока и емотивна музичка интроспекција.
8. Nick Cave & The Bad Seeds – ‘Push The Sky Away’
Првиот албум на бендот по заминувањето на долгогодишниот соработник на Cave, Mick Harvey значеше поважна улога за виолинистот Warren Ellis. Албумот е некарактеристична мешавина на морничав звук и надреален звук, гитари и електроника, со што постави пример за експериментирање на еден бенд кој се наоѓа на својот зенит.
7. Arcade Fire – ‘Reflektor’
Четвртиот албум уште повеќе ги кандидира Arcade Fire за титуалата „најважна група на нивната генерација“
6. Daft Punk – ‘Random Access Memories’
Најавен со невидена помпа и промовиран со мултимилионска кампања, ‘Random Access Memories’ беше едно од најочекуваните изданија на годината. Француското електронско дуо се оддалечи од за нив карактеристичниот „роботски“ звук и со помош на некои од најценетите диско и соул артисти и продуценти, изработија квалитетен албум кој ги оправда очекувањата.
5. Savages – ‘Silence Yourself’
‘Silence Yourself’ скоро да е беше снимен, затоа што под влијание на менаџерите, бендот беше блиску до распаѓање. Четворката од Лондон сепак реши да ги отпушти менаџерите и енергијата да ја насочи во овие десет песни, кои според критичарите се движат од „апсурден метал“ до пост-панк.
4. Foals – ‘Holy Fire’
Сите се сложија дека ова беше уште еден голем чекор напред за одличниот бенд од Оксфорд. Со ‘Holy Fire’, момците докажаа дека можат да бидат различни, а во исто време да го задржат нивниот звук.
3. Queens of the Stone Age – ‘…Like Clockwork’
Албум со кој Queens of the Stone Age стигнаа највисоко на британските топ листи во 17-годишното постоење на бендот. Меѓу гостите на изданието беа Elton John, Dave Grohl и Nick Oliveri.
2. Kanye West – ‘Yeezus’
Настрана од сликата на Kanye West како таблоидна сензација, неговиот музички талент годинава исплива во ова издание, кое критичарите го нарекоа негово најдобро дело досега.
1. Arctic Monkeys – ‘AM’
Бендот еволуираше и пронајде зрел израз, под водството на блескавиот талент на Alex Turner. ‘AM’ е албумот со кој отсега ќе се што ќе направат Arctic Monkeys.
Погледнете ги и останатите 40 албуми кои влегоа во изборот на NME.