Автомобил удри во толпа на германски божиќен базар – двајца загинати и 68 повредени

Најмалку двајца, меѓу кои и дете беа убиени вчера откако кола влета во толпа на Божиќен базар во германскиот град Магдебург, пишува „Би-Би-Си“.

Повеќе од 68 луѓе се повредени, а 15 од нив се во тешка состојба, според градските власти.

Градските власти соопштија дека осомничен е 50 годишен лекар од Саудиска Арабија, кој во Германија се преселил во 2006 година. Неодамна тој работел во град на околу 40 километри од Магдебург.

Според некои написи од германските медиуми, осомничениот на надлежните не им е познат како исламистички екстремист, додека статии и објави онлајн и на социјалните мрежи сугерираат дека тој бил критички настроен кон исламот.

Инспекторите јавно не го наведоа мотивот, но кажаа дека веруваат оти тој дејствувал сам.