На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, граѓанско општество, политика и животна средина…
1. Јелена Божиќ, „СвиЌе“: Србија не памети ваков храбар одговор на младите на репресија и насилство
„Замислете мрак кој трае повеќе од деценија. Таман кога не може да биде помрачно, корупцијата на една власт убива 15 луѓе. И младите луѓе во таа држава палат такви пожари, што од нив се тресат сите оние кои го гасеа светлото. Ова сега е прашање на живот, бидејќи суровото, бедно и морничаво владеење на Српската напредна странка (владејачката партија) кулминираше на 1 ноември. А, оваа борба не можат да ја добијат“.
Тагата, гневот и безнадежноста која ја чувствуваат граѓаните на Нови Сад и Србија од падот на настрешницата на 1 ноември се акумулира во бунт, протести и потреба конечно да зборуваат и да дејствуваат слободно против оние кои им ги уништуваат животите, нагласува Јелена Божиќ од Нови Сад.
Јелена Божиќ, „СвиЌе“: Србија не памети ваков храбар одговор на младите на репресија и насилство
Потребна е сеопфатна едукација за заштита на животната средина, што за правните факултети и за факултетите за политички науки значи дека треба да го зајакнуваат образованието за еколошко право и еколошка правда. Понатаму, тоа знаење треба да се пренесува и во судската пракса, а притоа преку посебни одделенија на судовите и Обвинителството да се третираат случаи од животната средина. Ова се важни чекори, ако се знае дека еколошката правда слабо се процесуира, додека граѓаните имаат ниска доверба дека ако пријават некој загадувач, тоа би имало ефект и судска завршница.
Повеќе средства за наука, енергетска ефикасност на студентските домови, помалку за реконструкција на основните училишта. Буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање ќе претрпи кратење, а од него ќе се издвојуваат и пари за Државниот инспекторат за животна средина се дел од новините на Буџетот за 2025 година кој минатата недела беше усвоен од Собранието.
4. Мажите кандидати доминираа на платените политички рекламирања за минатите Парламентарни избори
На банерите кои се користеа за платено политичко рекламирање во онлајн медиумите на последните Парламентарни избори, жените беа застапени само 21 процент на 32 портали, покажа анализата за застапеноста на жените и социјално ранливите категории во онлајн медиумите за време на изборната кампања.
Мажите кандидати доминираа на платените политички рекламирања за минатите Парламентарни избори
5. [Видео] Суперхерои ја посетија Детската клиника во Скопје
Супермен, бетмен и други суперхерои и ликови од цртани филмови во саботата (21 декември) традиционално се спуштија по јаже на Детската клиника и ги израдуваа хоспитализираните деца.
+Бонус:
Министерството за транспорт и „Гоу Грин“ заедно ќе работат на нови стандарди за велосипедската мрежа
Откако Радио МОФ пишуваше дека владее молк од Министерството за транспорт и врски во врска со Правилникот за велосипедска инфраструктура, 10 дена подоцна од ресорот на Александар Николовски стигнува информација дека е остварена средба со Здружението „Гоу Грин“ (Биди Зелен), иницијаторот на овој Правилник, за кој самиот министер вели дека ќе го зголеми квалитетот и квантитетот на велосипедските патеки, а следната година ќе предвидат и субвенции за купување нови велосипеди.
Министерството за транспорт и „Гоу Грин“ заедно ќе работат на нови стандарди за велосипедската мрежа
Од јануари до октомври годинава, општините потрошиле 961 илјада евра на пејачи и на други забавувачи. До крајот на 2024 година, се очекува дека сумата ќе надмине еден милион евра. Најмногу пари за забавни манифестации трошат општините Кавадарци и Струмица, како и градот Скопје, покажа новото истражување на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).