Се преврте траект во Конго при што загинаа 38 луѓе, уште 100 се водат како исчезнати

Траект претоварен со луѓе кои се враќаа дома за Божиќ се преврте во реката Бусира во северноисточниот дел на Конго. 38 луѓе се починати и уште 100 се пријавени за исчезнати, соопштија официјални лица и очевидци.

Досега се спасени 20 луѓе.

Потонувањето на траектот се случи во петокот вечерта, помалку од четири дена откако друг брод се преврте во североисточниот дел на земјата, кога загинаа 25 луѓе.

„Траектот патуваше како дел од како дел од конвој со други бродови, а патниците беа главно трговци кои се враќаа дома за Божиќ“, изјави Џозеф Џозеф Канголинголи, градоначалникот на Ингенде, последниот град на реката пред местото на несреќата.

Според жител на Ингенде, на траектот имало повеќе од 400 луѓе бидејќи на патот до Боенде застанал и во Ингенде и во Лоло, што според него е причина да верува дека има повеќе случаи на смрт.

Конгоанските власти често предупредуваа да не се оптоваруваат бродови и ветија дека ќе ги казнуваат оние кои ги прекршуваат безбедносните мерки. Меѓутоа многу луѓе кои живеат на поддалечените места не можат  да си дозволат јавен превоз на неколкуте достапни патишта.

Најмалку 78 луѓе се удавија во октомври кога потона претоварен брод на истокот на земјата, додека 80 ги загубија животите во слична несреќа кај Киншаса во јуни.