Бендот „Епидемик“ викендов гостува во Скопје со своето шоу наречено „Ѕвездите на Гранџот“.
Публиката во клубот Маракана, овој петок (27 декември) ќе има можност да ужива во гранџ хитови од 90-те во изведба на Епидемик – Soudgarden, Nirvana, Alice in Chains, Rage Against the Machine….
„Нивните изведби не се само музички искуства за љубителите на овој звук, туку и еден вид временска машина, која ве враќа во периодот кога гитарските рифови и искрените текстови беа во срцето на рок сцената“, се вели во најавата.
Билетите се пуштени во продажба и може да се набават на овој ЛИНК.