Македонската бодибилдерка Катерина Попева го освои бронзениот медал на годинешното Светско првенство на Интернационалната федерација за фитнес и бодибилдинг (ИФББ) во категорија „Боди фитнес сениори“ , кое се одржа во Токио.
„Катерина Попева го подобри својот минатогодишен резултат на Светското првенство за 2024 година. Минатата година таа заврши на седмата позиција. Дека е во животна форма, покажа нејзиниот пласман на третото место освоено на Светскиот куп кој се одржуваше во Санта Сузана, Шпанија. Таа денес во исклучително силна конкуренција застана на победничкиот пиедестал освојувајки го третото место и бронзениот медал. Честитки за постигнатиот успех“, велат од Национална бодибилдинг и фитнес федерација на Македонија.
View this post on Instagram
Светското првенство во Токио траеше од 16 до 19 декември.