Авион на „Азербејџан ерлајнс“ се урна утрово во градот Актау во Казахстан. Министерството за вонредни состојби соопшти дека најмалку 32 лица од 67-те патници преживеале, што значи дека над 30 најверојатно се мртви, јавува Евроњуз.
Министерството првично соопшти дека 25 лица ја преживеале несреќата, а подоцна таа бројка е ревидирана, додека трае операцијата за пребарување и спасување на местото на несреќата. Бројката не е конечна.
Авионот кој леташе од главниот град на Азербејџан Баку до Грозни во Русија принудно слета на околу три километри од Актау, откако наводно се судрил со јато птици, според прелиминарните извештаи на авиокомпанијата.