На централниот плоштад „Македонија“ во Скопје ќе се организира новогодишна прослава со музичка програма која ќе започне во 19:30 часот.
Ова го најави компанијата „Спектаклум“, од каде соопштија дека на новогодишната забава ќе настапат „Sarah Mace & The Girlzz“, „Љубојна“, „Ареа“ и „Нокаут“.