Фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ“ го отвори конкурсот за пријавување филмови на седмото издание кој ќе трае до 15 март 2025 година.
Преку платформите „FilmFreeway“ и „festhome“ може да се пријават кратки играни филмови со траење до 20 минути и завршени по 1 јануари 2023 година.
„Филмовите може да конкурираат за награда ‘Лазар Ѓорѓевиќ’ за најдобра режија, награда ‘Радислав Ристевски’ за најдобра фотографија/кинематографија, награда ‘Koзјак’ за најдобрo сценарио и награда ‘ФИЛМАЈ’ за најдобар краток филм. Македонските (домашни) филмови кои ќе се пријават, освен за најдобар македонски филм, истовремено влегуваат и во меѓународна конкуренција за горенаведените награди“, посочуваат организаторите на фестивалот.
Фестивалот е организиран од фото-кино клубот „Козјак“ – Куманово.