Традиционалниот Вевчански карневал кој претставува едно од главните обележја на Македонија за празникот Св. Василиј, односно Василица ќе се одржи од 12 до 14 јануари.
На настанот, како и претходните години е предвидена музичка програма која ќе започне попладне во петок (12 јануари). Најавен е настап на Пајак, бендот Ареа, како и на бендот „Забрањено пушење“.
Парадата на маските пак, ќе се одржи напладне во понеделник (13 јануари), а за вечерта се најавени настапи на Љубојна, Наум Петрески, Оркестарот со зурли и тапани од Вевчани и на Перо Бели и Коки.
Карневалот завршува на 14 јануари каде со василичарско оро и палење на маските се става крај на карневалот.