Најмалку 16 лица загинаа, а 10.000 објекти се уништени или оштетени во пожарите кои сè уште беснеат во Лос Анџелес. Во сила е наредбата за евакуација на околу 100.000 жители на областа. Речиси 30 лица беа уапсени за кражби, грабежи и поседување дрога, пренесува Н1.
Од шесте пожари кои ја зафатија областа Лос Анџелес, три се ставени под контрола и 50 или повеќе проценти од областа која беше зафатена од пожари е изгасната, додека најголемиот пожар во Пацифик Палисадес се уште не е под контрола, како и Итон и Арчер.
Според последните податоци, загинале 16 лица, а наредбата за евакуација на околу 100.000 жители од областа се уште е во сила.
Повеќе од 10.000 објекти најверојатно биле оштетени или уништени само во населбите Итон и Палисадес, проценуваат калифорниските противпожарни служби.
Пожарникарите во моментов можат да користат авиони за да ги локализираат пожарите, но постои голема загриженост за ширењето на жарот поради зголемените ветрови, изјави шефот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Дејвид Акуна, кој истакна дека на локалните противпожарни екипи им се придружуваат колегите од другите делови на Калифорнија, како и уште седум американски држави, Канада и Мексико.