Недела на независна сцена во Драмски театар од денес до 18 јануари

Со претставата „Еволуција на распадот“ вечерва (14 јануари) од 20 часот ќе започне Неделата на независна сцена во Драмскиот театар во Скопје.

Со поддршката на независната сцена, од Драмски рекоа дека иницираат создавање на силна мрежа на театарската заедница од различни генерации актери, режисери, драматичари, сценографи, костимографи и мултимедијални уметници.

„’Неделата на претстави од независнта продукција’ е замислена како платформа за контакти на уметници кои внесуваат свежина, динамика, понекогаш и неконвенционален пристап во процесот на создавање на театарските претстави, што може да води до идни соработки, копродукции и проекти“, објаснија уште претходно од Драмски.

Целосната програма:

14.1.2025 – „Еволуција на распадот“ – Артема – театарска лабораторија
15.1.2025 – „Безвременски приказни“ – Независна продукција
16.1.2025 – „Среќен мртовец“ – Театар „Отпишани“
17.1.2025 – „Казабалкан“ – Екатерина Николовска (продуцент и сценограф)
18.1.2025 – „Добри луѓе“ – Театар „Златен Елец“ Скопјe