Статиите за македонските претседателски и парламентарни избори, за Македонија, молитвата Оче наш и Свети Кирил и Методиј се првите пет најчитани за 2024 година на Википедија на македонски јазик.
Истовремено, на интернет енциклопедијата на македонски јазик лани се пребарувало и за главниот град Скопје, каталонскиот политичар Карлес Пуџдемон и претседателката Гордана Силјановска-Давкова. Се читало и за Гоце Делчев, за државните празници во земјава, но и за Денот на востанието на Македонија.
Листата на најчитани статии на Википедија на македонски јазик хронолошки изгледа вака:
- Македонски претседателски избори (2024) – 100.111 број на прегледи
- Македонски парламентарни избори (2024) – 100.057 број на прегледи
- Македонија – 93.557 број на прегледи
- Оче наш – 73.926 број на прегледи
- Свети Кирил и Методиј – 66.919 број на прегледи
- Скопје – 61.100 број на прегледи
- Карлес Пуџдемон – 60.118 број на прегледи
- Мочуриште – 54.644 број на прегледи
- Гордана Силјановска-Давкова – 48.719 број на прегледи
- Гоце Делчев – 46.859 број на прегледи
- Државни празници во Македонија – 45.699 број на прегледи
- Македонски парламентарни избори (2020) – 42.964 број на прегледи
- Ден на востанието на Македонија – 41.248 број на прегледи
- Министерство за животна средина и просторно планирање – 40.005 број на прегледи
- Свети Климент Охридски – 39.532 број на прегледи
- Кочо Рацин – 35.391 број на прегледи
- Автомобилски регистарски таблички во Македонија – 33.425 број на прегледи
- Хороскопски знаци – 33.166 број на прегледи
- Список на градови во Македонија – 31.919 број на прегледи
- Влада на Македонија – 30.990 број на прегледи
- Втора светска војна – 29.694 број на прегледи
- Список на македонски народни поговорки – 29.592 број на прегледи
- Список на повикувачки броеви на земјите – 28.424 број на прегледи
- Европа – 26.784 број на прегледи
- Поштенски броеви во Македонија – 26.490 број на прегледи
Инаку, моментално Википедија на македонски јазик брои 148.428 статии.