Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот во Газа, тврдат катарски и американски официјални лица

Официјални лица од клучните посредници во договорот за прекин на огнот меѓу Хамас и Израел велат дека е постигнат договор за прекин на војната во Појасот Газа и ослободување на десетици заложници, јавува Евроњуз.

Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, според кој некои заложници ќе бидат ослободени е постигнат, потврдија тројца американски официјални лица и катарски посредници.

Засега ниту Хамас ниту Израел не го коментираа потенцијалниот договор кој се очекуваше да биде одобрен од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и да стапи на сила во наредните денови.