„Metal Discharge“ во соработка со „Ponder“ сезоната ја отвора со „Overpain“, кои на 31 јануари ќе настапуваат во „Радост“ во Битола.
За „Overpain“ објаснуваат дека е хардкор бенд од Солун – Грција.
„Формирани се во август 2007 година. Досега имаат издадено три студиски албуми. Повеќе од 15 години на сцената, бендот го сочинуваат DIY ентузијасти кои се дел од SHC (Salonika Hardcore Crew). После многу турнеи на балканот, конечно патиштата се вкрстуваат во Битола“, стои во најавата за настанот.
Свирката е најавена од 21 часот, а влезот е 200 денари.