Парче пица за 120 денари: Дали студентските бифеа ја загубија својата цел?

Дел од студентите во Скопје изразуваат незадоволство од цените во бифеата на факултетите, кои, според нив, се превисоки за студентскиот буџет, пишува новинската агенција Мета.мк.

Неколку студенти кои се обратија до редакцијата на Мета.мк велат дека цените на храната и пијалаците во факултетските бифеа не соодветствуваат со количината и квалитетот.

Со цел да ги разгледаме овие тврдења, направивме обиколка на студентските бифеа на дел од факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје.

Според она што го утврдивме, со бифеата на Општествениот кампус на УКИМ управува еден оператор, односно иста компанија оперира со бифеата на Правниот, Економскиот, Филозофскиот и Филолошкиот факултет.

Цените „се јадат“, квалитетот потешко

Цените во сите бифеа на Општествениот кампус се исти, а изгледаат вака:

Инфографик: Мета.мк

Слични цени имаше и во бифето на Техничкиот кампус, односно на Машинскиот и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Со тамошното бифе управува друг оператор, различен од оној на Општествениот кампус.

Наведените цени во менито се следни:

Инфографик: Мета.мк

Од друга страна, во мала барака пред Техничкиот кампус, забележавме пониски цени на производите:

Инфографик: Мета.мк

Мета.мк