По кратка пауза, се враќаме со серијалот #НаКратко.
Во првата епизода од втората сезона, зборуваме за најчитаните статии на Википедија на македонски јазик, Вевчанскиот карневал, новата иницијатива на модната дизајнерка Ирина Тошева, како и за учеството на актерката Тамара Ристоска на престижната програма „Берлинале таленти“.